За нас
АД за неметали "Огражден" е формирано 1955 год во Струмица како рударска организација со едноставно име "Рудник".
Основа за формирање на рудникот била расположивата сyровинска база распространета на терените на планината Огражден. Планина која во себе криела многу неоткриени и неиспитани минерални суровини и била предизвик за осовременување на технолошките процеси и изградба на нови капацитети неопходни за понатамошен развој на организацијата.
Рудник за Фелдспат
Според сите геолошки критериуми фелдспатната руда претставува своевиден уникат, и како таква е една од ретките на балканските простори и пошироко.
Целокупната технологија за експлотација претставена преку процесите на: дупчење, минирање, утовар, транспорт, дробење и сепарирање се врши целосно од страна на машинскиот парк на фирмата.
Контрола на квалитетот во сите фази на експлотација на фелтспатот, резултира со печат на потврден производ согласно ISO 9001:2000 селективно според барањата на купувачите. Употребата на фелдспатната руда во различни фази на припрема е насочена кон керамичката, порцеланската и стаклената индустрија.
Палета на производи
Рудник за Калцит
Рудникот Мемешли, минеролошки e од калцитски тип, а петрографски претставува мермеризиран варовник и како таков е еден од ретките во Република Македонија. Се карактеризира