ximage
arrow arrow

OMM

image

Транспорт

image

Политика на квалитет

image
image

Рудник за Фелдспат

Според сите геолошки критериуми фелдспатната руда претставува своевиден уникат, и како таква е една од ретките на балканските простори и пошироко.

Целокупната технологија за експлотација претставена преку процесите на: дупчење, минирање, утовар, транспорт, дробење и сепарирање се врши целосно од страна на машинскиот парк на фирмата.

Контрола на квалитетот во сите фази на експлотација на фелтспатот, резултира со печат на потврден производ согласно ISO 9001:2000 селективно според барањата на купувачите. Употребата на фелдспатната руда во различни фази на припрема е насочена кон керамичката, порцеланската и стаклената индустрија.

Палета на производи

Автоматизирана технолошка линија за производство на мелен и сепариран фелдспат
Новите пазарни трендови бараат нискоенергетски машини за производство, вклучено и соодветни системи за обеспрашување  кои како краен ефект имаат за цел исполнување на обврските спрема средината, како и користење на што е можно помала енергија.

По трансформирањето на претпријатието во приватната сопственост, посебно во последните неколку години е забележан енормен раст на инвестирање во европски технологии во процесите на дробење, мелење, сушење, сепарирање и обеспрашување на системот за производство на фелдспат.

Целокупниот  систем на производство опфаќа повеќе фази:

  • Сушење со припрема на ТНГ еколошко гориво и горилник од типот - Waishaupt.
  • Мелење (Super Orion-Alpine)
  • Воздушна класификација со класификатори,
  • Високо фрекфентни сита - Mongensen,
  • Складирање во силоси и магазински простори.

Инвестирањето во автоматизирани технологии од еминентни европски производители: Hosokawa Alpine, Allgaier, Morgensen, Waishaupt, Metso Minerals  и др. во сите фази на производство се покажа како исклучително продуктивно, ефикасно и корисно како за самата фирма така и за нашите купувачи, одговарајки на сите барања како по квантитет и квалитет, а истовремено и запазувајќи ја обврската за чиста и здрава еколошка средина.

image
image