ximage
arrow arrow

OMM

image

Транспорт

image

Политика на квалитет

image

Контакт информации

АД за неметали "Огражден", ул.Маршал Тито бр.239, Струмица Р.Македонија

повеќе
image

Рудник за Калцит

Рудникот Мемешли, минеролошки e од калцитски тип, а петрографски претставува мермеризиран варовник и како таков е еден од ретките во Република Македонија. Се карактеризира со висок степен на искористување на експлоатираниот материјал што е во функција на неговата развојна програма.

Третира експлоатација на повеќе квалитети условени од потребите на градежната, прехранбената и хемиската индустрија. Постоечката опрема за дробење и сепарирање од статички и мобилен тип има за цел да произведува градежни фракции во широк дијапазон како сепариран песок од 0-4 мм, 4-8 мм, 8-16 мм, 16-32 мм, 0-60 мм и др.

За сите фази на експлоатирање како и за подготовка на материјалот се грижи расположливиот машински парк на фирмата.

Технолошка постројка за произвотство на мелен и сепариран калцит
Ниско абразивниот, а во исто време и високо квалитетниот калцит, овозможи имплементација и инсталација на пневматски систем, во кој секоја машина сама за себе користи систем за транспортирање и обеспрашување, произвотство на германскиот производител Alpine по софистицирана метода на диференцијални притисоци.

Системот на дезинтеграција на високо квалитетен калцит се врши преку: примарна и секундарна дробилка во прва фаза,  мелење со млинови од фамилијата на палчести дезинтегратори - Contraplex, сепарирање со електромагнетни сита Morgensen и воздушни класификатори од фамилијата на Stratoplex.

Сите машини се карактеризираат со високо селектирачки еколошки и ниско енергетски перформанси.
Конкурентната цена и високиот квалитет на калцитот интегрира широка апликативност во многу производи: бои и лакови, пластични маси, прехранбени производи, прашкасти производи, односно пошироко во:градежната, хемиската, стакларската, фармацевската, прехрамбената и други индустрии.

Палета на производи

image
image